Вести

ПРОЕКТ „ОБРАЗОВАНИЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е4Е@МК“ И ВКЛУЧЕНОСТ НА ЗДРУЖЕНИЈАТА И НА АСОЦИЈАЦИИТЕ ВО КВАЛИТЕТНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ

ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ - ЗА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ВО НИВНИОТ РАСТ И РАЗВОЈ

Економија и бизнис | печатено издание | 01 јуни 2024г.

Стручното образование и обуката се главен сегмент во развојот на човековиот капитал, што е предуслов за развојниот процес на компаниите. Функционалноста и реализацијата на стручното образование и на обуката подразбира партнерски однос и проактивно заедничко учество на главните актери во процесот: образовните институции, бизнис-заедницата, коморите, здруженијата и другите форми на бизнис--здружувањето преку вклученост во креирање на образовните политики, квалитетна имплементација и потребата од негово прилагодување согласно бизнисот.
Учењето од добри практики и пренесувањето на позитивните искуства за зајакнување на улогата на компаниите, на асоцијациите, на здруженијата, на групациите и на другите форми на бизнис-здружување како соодветни партнери на државава за подобрување на квалитетот на стручното образование, е една од целите на проектот „Образование за вработување во Северна Македонија Е4Е@мк“ каде што Комората е стратешки партнер.
Во повеќе наврати, со претставници од здруженијата и од групациите во рамките на Стопанската комора, со студиските посети на образовните институции и на компаниите вклучени во образовниот систем во Швајцарија целта е да се зајакнат капацитетите на здруженијата и на групациите во рамките на Комората преку процесот на учење од добри практики и нивно вклучување во образовниот систем за да се обезбеди квалитетно и функционално стручно образование во испораката на квалификуван и остручен кадар по мерка на бизнисот.
За квалитетна практична обука потребна е сертификација (обука) на ментори и верификација на компаниите. Преку обуките организирани од Стопанската комора, менторите се подготвени за правилен пристап и избор на методи во подучувањето на ученикот и стекнувањето на вештините на реално работно место. Подготовката на релевантна програма за практична обука во согласност со наставната програма за соодветната квалификација е клучна за квалитетната обука за ментори и за посветеноста на менторот за реализацијата на практичната обука.
Верификацијата на компанијата за реализација на практична обука на ученици е процес на проверка на исполнетост на просторните и на техничките услови во компанијата и поседување соодветни алати и опрема за стекнување соодветна квалификација од страна на комисија формирана од Стопанската комора.
Со поддршка на проектот „Образование за вработување (Е4Е)“, Стопанската комора реализираше обуки за ментори во неколку градови во државава и со сертификат се стекнаа вкупно 253 ментори и се верификувани 97 компании за реализација на практична обука на ученици.
Во процесот на осигурување на квалитетот, Стопанската комора досега има сертифицирано вкупно 842 ментора и има верификувано 139 компании.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано