Општество
Следните два дена многу топло, во петок и викендов со локален пoроен дожд и благ пад на температурите
17.07.2024г
Во следните два дена ќе се задржи многу топло време со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури, најавуваат од УХМР.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3 до 4 степени во споредба со денешната.
извор МИА