Финансии / Банкарство
По четири години Банката на Англија со „тесно“ мнозинство ги намали каматните стапки
01.08.2024
Банката на Велика Британија денеска ги намали референтните каматни стапки за прв пат по четири години - од почетокот на пандемијата на корона вирусот на почетокот на 2020 година.
Референтната каматна стапка е намалена од 5,25 на пет отсто.
Банката соопшти дека одлуката е донесена со тесно мнозинство од пет гласа „За“. Четворица претставници од Одборот за монетарна политика кои гласаа „Против“ се залагале за задржување на каматната стапка од 5,25 отсто.
- Влијанието на претходните екстремни шокови се намалија и до ублажување на ризикот за опстојување на инфлацијата. Растот на економијата беше посилен од очекуваното, но рестриктивниот став на монетарната политика и натаму влијае на активноста во реалната економија, што доведува до пофлексибилен пазар на труд и до намалување на инфлаторните притисоци, се наведува во Банката на Англија.
фото freepic