Финансии / Банкарство
НБС купила рекордни 3,9 милијарди евра за одржување на стабилноста на динарот
02.08.2024
Народна банка на Србија минататa година купила рекордна количина на евра за да ја одржи стабилноста на националната валута. Во 2023 година Народната банка интервенирала со нето купување на девизи во вредност од 3,9 милијарди евра, што е највисок годишен износ за купување на девизи. Со ова Централната банка на Србија ја одржала релативната стабилност на курсот на динарот и придонесе за зголемување на девизните резерви, пишува „Нова економија“.
Девизните резерви на НБС во текот на 2023 година се зголемени за 5,5 милијарди евра и на крајот на декември минатата година достигнале 24,9 милијарди евра бруто , односно 20,8 милијарди евра нето.
Ова е втора година кога е остварен рекорден прилив на странските директни инвестиции од 4,5 милијарди евра (4,2 милијарди нето). Од Народната банка на Србија очекуваат овој извор на девизи да продолжи и во наредниот период .
фото freepic