Финансии / Банкарство
БАНКАТА НА АНГЛИЈА ВО ПРОБЛЕМИ СО ПАДОТ НА ФУНТАТА, нејзината вредност слизна во однос на доларот и еврото
10.08.2024
Британската фунта вчера се спушти на вредноста од 1,277 долари, а минатата недела забележа пад за 0,3 отсто. Во истиот период британската валута ослабна во однос на еврото, и сега се разменува за 1,168 евра.
Аналитичарите наведуваат дека минатонеделеното намалување на каматните стапки на Банката на Англија направи притисок на фунтата, исто како и најавите за едно или две намалувања до крајот на 2024 година, пренесе „Гардијан“.
Британската централна банка на 1 август одлучи да ја намали референтната каматна стапа за 25 базични поени на пет отсто, кои се во согласност со очекувањата на пазарот.
Фунтата е на пат на најдолга низа на намалувања на вредноста во последната година, откако финансиските пазари ги вратија загубите по распордажбата на акциите во понеделникот.
Британската валута зајакна во првите две недели од јули, бидејќи трговците очекуваа помала политичка неизвесност по убедливата победа на лабуристите на општите избори.
Лондонската берза неделата ја заврши на подобро ниво, по понеделничкиот пад од два отсто. Индексот FTSE 100 до крајот на неделата ја врати својата изгубена вредност, пренесува „Еуроњуз“.
фото freepic