Општество
„НА СКОПЈЕ МУ ТРЕБА ГЕНЕРАЛКА“, порача Орце Ѓорѓиевски, по средбата со скопските градоначалници
14.08.2024
Скопските градоначалници ќе побараат од Владата на Македонија да им се одземат ингеренциите на Градот Скопје во делот на извршувањето на функциите на двете градски комунални претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“ и назначување на владини повереници во овие јавни претпријатија.
- На Скопје му треба генералка. Денеска беше разговарано околу состојбите и алармантната состојба во Скопје и нефункциоанлноста на јавните претпријатија. Беше истакнато нефункционирањето на ЈСП, во Водовод и канализација. Донесовме заклушок по две точки и предлогот од состанокот ќе го доставиме до Владата,премиерот и министерот за животна средина. Двете точки се однесуваат за одземање на ингеренциите на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, а владата да назначи владини повереник во двете претпријатија. Исто така, предлагаме и преземање процес за трансформација и расформирање на претпријатијата и поделба на ингеренциите на општините, изјави Орце Ѓорѓиевски, по средабата со скопските градоначалници.
Премиерот Христијан Мицкоски вчера од Општина Аеродром порача институциите што се под надлежност на Град Скопје да си ја вршат работата за која се платени и да работат во интерес на граѓаните во главниот град, во сите општини, затоа што граѓаните тоа го заслужуваат. Доколку нема напредок за една недела, како што најави, Владата ќе ги разгледа можностите за одземање на нивните ингеренции и за решавање на проблемите, како јавниот градски превоз и хигиената.
Ја поздравуваме најавата на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и го охрабруваме во најбрз можен рок да преземе одговорност за нарушените состојби во главниот град, кои што ги креираше, велат од Град Скопје чиј градоначалник е Данела Арсовска. Од Градот Скопје апелираат да се убедат советниците „да гласаат за набавка на нови еколошки автобуси, проект кој заедно со градоначалничката Арсовска го ветуваше на скопјани, како и советниците навремено да ги гласаат програмите за работа на јавните претпријатија со цел да не се кочи нивната ефикасност.
фото МИА