Општество

ДОЖДОТ МУ ПОМОГНА НА ЦУК, ГИ ИЗГАСНА СИТЕ ПОЖАРИ, опасноста продолжува до ноември

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов изјави дека дождот што заврнал вчера во попладневните часови на повеќе места низ државата ги изгаснал сите активни пожари.

- Сметам дека оваа сезона со пожари драстично ќе биде намалена, ако не и завршена. Пожарите секако ќе продолжат и понатаму, до ноември. Впрочем, како што беше и минатата година, но барем засега ќе можеме да здивнеме, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов

Ангелов вели дека вчера пред дождовите имало, како што потенцира, неколку сериозни пожари како оној на Кајмакчалан што избувнал во стара борова шума, како и пожарот во близина на Пробиштип што им се заканувал на две села.


Фото архива ЦУК

 

ПРЕПОРАЧАНО