Општество

„НЕ ПРИФАЌАМ ВИНА И ТАА Е КАЈ ТИЕ ШТО БЛОКИРААТ“, е ставот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска

„Вината е кај оние што седум месеци не ја гласаат програмата за безбедност во сообраќајот и за другите програми што ги носи Градот Скопје“, изјави  Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје, на денешната прес-конференција. 

Градоначалничката нагласи дека „градот е финансиски  стабилизиран“ и дека го разбира „министерот за локална самоуправа кoj е нескусен“,  и додаде дека „ќе има време да поднаучи за законските надлежности на локалната самоправа“.

-  Треба да знае доколку советниците од неговата политичка партија  не ги блокираа програмите и не ги блокираа јавните претпријатија, Скопје нема да биде во ваква состојба, рече Данела.

Таа информираше дека на вчерашната средба со премиерот Христијан  Мицковски, од Градот Скопје бил презентиран план, но како што дополни, бил отфрлен дел по дел, за да од другата страна побараат нов план до крајот на неделата.

- Во планот што го предложивме имаме детална разработка за сите проблеми за да имаме фунцкионален  град. Не сум личноста која кочи. Вината не е во мене, изјави Арсовска, која рече дека нема повторно да бара поддршка од граѓаните на следните локални избори.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО