Lifestyle

КОЛКУ АЛКОХОЛ ПИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ВО ЕВРОПА? - најмногу пиеле мажите од Романија и жените од Данска

Вкупната потрошувачка на алкохол во Европа по глава на жител, на возраст од 15 и повеќе години, е намалена за 23 отсто во последните 40 години, но европскиот регион сè уште има најголема потрошувачка на алкохол по лице во светот, покажуваат податоците на СЗО.

Во Европската Унија вкупната потрошувачка на алкохол е намалена за 2,9 литри, од 12,7 литри во 1980 година на 9,8 литри во 2020 година.  Годишно секое возрасно лице над 15 години пие во просек по 9,5 литри чист алкохол. Ова е приближно на 190 литри пиво, 80 литри вино или 24 литри алкохолни пијалоци. Во 2020 година најмногу алкохол се консумира во Летонија (12,1 литри по лице), а најмалку во Турција (1,2).

Како што пишува „Еуроњуз“, европските граѓани од 2010 до 2020 година консумирале просечно 9,8 литри алкохол годишно. Во 14 земји потрошувачката на алкохол е намалена за повеќе од еден литар, додека Бугарија, Малта, Романија и Полска покажаа значителен пораст.

Најголем раст е забележан во Летонија, каде потрошувачката е зголемена за 2,3 литри. Најголем пад на консумирање алкохол во овој период забележале Ирска и Литванија (за 2,1 литар). Во Србија, Белгија, Хрватска, Данска, Швајцарија и Германија потрошувачката на алкохол е намалено од литар до 1,5 литар.

Во сите земји, мажите  повеќе консумираат алкохол. Во 2019 година, во просек низ земјите на ЕУ, 26,6 отсто од мажите изјавиле дека пијат повремено барем еднаш месечно во споредба со 11,4 отсто од жените. Најмногу пиеле мажите од Романија, а жените од Данска, пренесува „Бизлаив“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано