Општество

ПOЖАР ВО МЛЕКАРНИЦА ВО КАМЕЊАНЕ, густ чад се забележува во Тетово

Пожар изби во млекарница „Хит73“ во тетовско Камењане, вечерва околу 19 часот,  информираат  од тетовската пожарникарска единица.

Поради пожарот голем густ чад се забележува и во Тетово како и од автопатот Тетово-Гостивар. 

На местото на пожарот покрај противпожарни екипи од Тетово, пристигнаа и пожарникари од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со де возила, а упатени се и екипи од Гостивар и Кавадарци.


 

Извор/фото  МИА 

ПРЕПОРАЧАНО