Постојаниот раст на цените на храната и другите основни продукти наметнуваат внимателно располагање со семејниот буџет и добро планирање на набавките за да се оптимизираат месечните трошоци. Многу од потрошувачите се одлучуваат за неделелно пазарење во маркетите.
Но, пред да се одлучите за ова потребно е да ги разгледате позитивните и негативните аспекти од ваквиот начин на пазарење:
1. Планирање и контрола на трошоците: Доколку одите во продавница еднаш неделно, тоа овозможува да ги планирате своите оброци однапред и да купите само тоа што ви е потребно. Со ова се избегнува импулсивното купување и имате подобра контрола на трошоците, што е многу важно во период на висока инфлација и раст на цените.
2. Следење на цените: Почестото посетување на продавниците ви овозможува подобро да ги следите промените на цените и да се искористат дневните попусти или акции. Меѓутоа, ова може да биде непотребно оптоварување и замор и да предизвика и непотребни набавки доколку не сте доволно дисциплинирани во трошењето.
3. Намалување на трошоците за превоз: Доколку живеете далеку од трговските маркети, одењето во набавки еднаш неделно може да ги намали трошоците за превоз или паркинг.
4. Складирање и расипување на храната: Неделната набавка бара и подобро планирање и добро складирање за да може храната да остане подолго време свежа. Ако сте купиле повеќе производи, обично тоа е зеленчук, овошје, салами или млечни производи, неадекватното чување на храната може да предизвика и загуба на пари.
5. Купување на големо: Неделната набавка можете да ја искористите и за купување на големо , а тоа може да влијае и на пониска цена. Предуслов е да имате повеќе средства за пазарење и простор за чување на производите, објави „Бизнис.ба“.
фото freepic