Општество
ВОЗЕН РЕД НА ЈСП ЗА СРЕДА – ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА
27.08.2024
ЈСП СКОПЈЕ ги известува своите патници дека по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на ден 28.08.2024 година (среда), ќе се работи по неделен возен ред.
Исклучок ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 51, 55, 55в, 56, 56а, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе работат по саботен возен ред.
На ден 28.08.2024 година (среда), дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
- Транспортен центар;
- Ѓорче Петров; и
- Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
фото МИА