Lifestyle
ОМИЛЕНА РЕКРЕАЦИЈА НА ГЕРМАНЦИТЕ ИМ Е СУРФАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ, дури 97 од 100 испитаници во Германија го нотирале како редовна активност
27.08.2024
На луѓето во Германија омилена рекреација во слободното време им е сурфање на интернет, се наведува во извештајот на Монитор за слободното време 2024.
- Интернетот е секаде присутен, кога сме на каучот, во креветот или кога луѓето се во движење. Тој не следи во секој момент. Интернетот стана неизбежен придружник во нашето слободно време, а тој ни овозможува да го организираме времето на начин кој ни одговара на нашите индивидуални потреби, изјави професорот Улрих Рајнхарт, пишува ДПА.
Анкетата на Монитор за слободното време веќе 40 години ја спроведува British American Tobacco (BAT), здружението за прашања за иднината на компаниите.
Онлајн пребарувањата се на прво место на листата на најпопуларни активности во слободното време на Германците. Дури 97 од 100 испитаници го нотирале како редовна активност и тоа најмалку еднаш неделно. Од слободните активности се издвојуваат: гледање телевизија (84), слушање музика (82), користење на компјутерот, лаптоп, таблет (78), играње и сурфање и допишување на паметни телефони (78). За читање и допишување на мејлови (77) и слушање радио (71), пренесува „Бизнис.рс“.
фото freepic