Општество

МНОЗИНСТВОТО ЦРНОГОРЦИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР НА МОРЕ, секој трет жител на Црна Гора изложен на ризик од сиромаштија

04.09.2024

Речиси 60 отсто од црногорските граѓани живеат во домаќинства кои не можат да си дозволат  годишен одмор седум дена. Околу 11 отсто од граѓаните  изјавиле дека не можат да си дозволат секој ден јадење со месо, пилешко или риба,   покажала Анкетата за приходите и условите на живот во 2023 година, која ја објави Монстат.  

- Можноста за спојување на крај со крај во месецот , што е индикатор за субјективното сиромаштво  покажува дека во 2023 година 15,1 отсто од лицата живеат во домаќинства кои се потешкотии го поминуваат месецот. Додека 0,8 отсто до луѓето живеат во домаќинства кои изјавиле дека едноставно можат да го поминат месецот, се заклучоците од Анкетата за приходите.  

Околу 27,3 отсто од децата на возраст од 0 до 17 години се наоѓаат во ризик од  сиромаштија. Секој трет жител во руралните  подрачја во Црна Гора бил изложен на ризик од сиромаштија или 27,5 отсто, овој процент во градските средини изнесува 15,9 отсто , пренесува РТЦГ.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано