Lifestyle

РЕКОРДНА ПРЕСЕЛБА НА МИЛИОНИЕРИ ВО 2024 ГОДИНА, пет европски градови се меѓу најпосакуваните места за преселба на богаташите од светот

Околу 83 отсто од лицата кои заработуваат повеќе од милион долари, a  кои размислуваат за селидба, предност даваат на градскиот живот поради културните и економските можности. Другите 17 отсто од богаташите изјавиле дека преферираат живот во рурални средини поради природата и бавниот начин на живот, покажало истражувањето на консултантите од агенцијата за недвижности Knight Frank, која анкетирала 700 лица со висока нето финансиска вредност од 11 различни земји.

Париз е на врвот на листата како најповолна локација за преселба на богатите луѓе во светот. Меѓутоа, Лондон кој се сметал за центар на супербогаташите, не влезе во првите пет места и се најде на седмо место, објави „Инвеститор.ме“.

Од консултантската фирма за недвижности наведуваат дека во 2024 година рекордни 128.000 милионери планираат да се преселат, во споредба со 120 илјади во 2023 година. Главни приоритети за милионерите за да се преселат  се сигурноста и приватноста, потоа условите за работа, даноците и образованието.

Меѓу најдобрите пет европски градови кои се прифатливи за живот на милионерите од светот, а кои размислуваат за преселба во 2024 година, се: Париз, Берлин, Барцелона, Виена и Мадрид, пренесува  „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано