Lifestyle

„НЕВООБИЧАЕНА“ ПОЈАВА ВО ТУРЦИЈА, се зголемува бројот на вртачи на земјоделските површини

Во турската плодна рамнина Конија има над 2600 вртачи, кои се повеќе се приближуваат на станбените региoно  и се закана за земјоделското производство. Отворите на површината на земјата се појавија во оваа голема житница на Турција поради голематa суша и прекумерната потрошувачка на подземните води.

Според последните податоци, нивниот број надмина 2600,  а најкритични региони се Чиханбејли, Јунак, Кулу, Сараијону и Кадинхани, кои се познати како производители на житни култури. Управата за катастрофи и вонредни состојби (АФАД) и Техничкиот универзитет во Конија  ја следат состојбата со појавите на вртачи, пишува „Еуроњуз“.

Претходно вртачите ги имаше во изолираните подрачја и тие секогаш постоеле, но со активностите на човекот придонесува за забрзано ширење, објаснуваат стручњаците.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано