Lifestyle

ВО САД ИМА ГОЛЕМА ПОТРЕБА ОД ВРАБОТУВАЊЕ ПОЛИЦАЈЦИ, годинава платите на полициските службеници се зголемени за над 37 отсто

Отворањето на нови работни места во САД е забавено, но некои сектори се предводници во слободните работни места, а меѓу нив се здравството и полицијата.  Полициските управи во целата држава бараат нови полицајци, поради намалување на  интересот кај американските граѓани по големиот број на пензионирања во полициските служби во САД, што се случи по убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Просечната плата на полициајците во првите осум месеци годинава се зголеми за повеќе од 37 отсто, во однос на истиот период лани, што е добар индикатор за големата побарувачка за полицајци во САД. Просечната плата на полицајците  во САД од 2022 до 2023 година се зголеми за осум отсто.

Вработувањето на полицајците подразбира и неколку месечна платена обука. Секогаш кога економијата на САД е во криза луѓето бараат посигурна работа во јавниот сектор. Се почесто има преминување на вработените од војската во полицијата. Се поголем е бројот на воените ветерани кои се вработуваат во полицијата. Една од причините за оваа појава е одобрувањето и бонуси за вработување во американската полиција, пишува „Телеграф“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано