Lifestyle

КОЈА Е „НАЈСРЕЌНА“ ДРЖАВА ВО САД!, најсреќни држави се оние кои нудат квалитетен живот

Хаваи годинава е прогласена за најсреќна американска држава, според годишното рангирање на веб страната за лични финансии Волет хаб. Во оваа држава, според истражувањето, има најниска стапка на депресија во САД, а 86 отсто од нивните возрасни жители изјавиле дека се со добро или со солидно здравје, пренесува Си-Ен-Би-Си  (CNBC).

Хаваи има и најниска стапка на невработеност и е втора држава со најголемо учество на домаќинствата со годишен приход над 75.000 долари.

Најсреќни држави во САД се оние кои нудат натпросечен квалитет на живот во поширок избор на области, од силна економија, висок квалитет на животот, до повеќе слободно време за луѓето и убаво време.

Истражувањето е направено во 50 држави за 30 показатели во три главни категории: емоционална и физичка благосостојба, услови за работа, како и податоци за заедницата и околината. Калифорнија и Флорида, кои се сметаат за земји на благосостојбата и среќата за луѓето, се на 13 и 14 место.

Минатата година Јута беше прогласена за најсреќна држава во Америка, пренесе Н1.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано