Lifestyle
ХРВАТИТЕ ПРЕД ЕВРОПСКА УНИЈА ВОЗЕЛЕ ПОНОВИ ВОЗИЛА, колку е просечната старост на возилата во земјите од ЕУ
12.09.2024
Просечната старост на хрватскиот возен парк изнесува 15,14 години, а на возилата во приватна сопственост е 13 години. Во 2014 првата година од зачленување на Хрватска во Европската Унија просечната старост на возниот парк била 13 години, а просечната старост на личните патнички возила била 12 години.
Најнови автомобили возат граѓаните во Луксембург, со просечна старост на возилата од 7,6 години, а најстар возен парк имаат во Грција и Естонија со просек од 17 и 16,8 години, пренесува „Индекс.хр“.
Во другите земји од Европска Унија просечната старост на возилата изнесува:
Грција 17 години
Естонија 16,8
Чешка 15,6
Романија 15,1
Полска 14,5
Шпанија 13,5
Португалија 13,5
Финска 12,6
Италија 12,2
Франција 10,5
Шведска 10,4
Германија 10,1
Ирска 8,8
Австрија 8,7
Луксембург 7,6
фото freepic