Lifestyle

МИНИСТЕРКА НА ПОЛИЦИЈА БИЛА ОГРАБЕНА НА КОНФЕРЕНЦИЈА ПРОТИВ КРИМИНАЛ! Кражбата на чанта се случила за време на состанокот со полициски службеници

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средбата истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.

Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.


Извор/фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано