Lifestyle

ТАЈВАН И ТУРЦИЈА СО НАЈВИСОК РАСТ НА НОВИ МИЛИОНЕРИ

Во наредните пет години бројот на доларски милионери во светот дополнително ќе се зголеми во брзорастечките економии и земјите кои располагаат со сопствени извори на енергија (нафта и гас).  Водечка земја на оваа ранг листа е Тајван, а во оваа група се најдоа и Јапонија и Шведска, се наведува во годишниот извештај за глобалната распределба на личното богатство  (Global Wealth Report 2024) кое се базира на истражувањето на банкарската групација UBS.

Предвидувањата за Тајван се дека оваа островска земја до 2028 година ќе има повеќе од милион милионери, со проектиран раст од 47 отсто! Овој раст на милионери се должи на  развиената индустрија за чипови за вештачка интелегенција. Но, значително влијание ќе има  и имиграцијата на богати странци во оваа земја.

Турција е втора земја со највисок очекуван раст на нови милионери од 43 отсто до 2028 година, поради високиот развој на технолошкиот сектор во земјата, во која делуваат шест најголеми компании од оваа дејност. Во Казахстан бројот на нови милионери би растел со стапка од 37 отсто. Оваа листа на земји е правена според највисокиот процентуален раст на бројот на милионерите, а не според апсолутниот број на милионери во една земја.

Најголем одлив на милионери се очекува од Холандија со -4 отсто и Велика Британија со -17 отсто, поради рестриктивната даночна политика и несигурните економско-политички настани во земјата. Според предвидувањата на други агенции, до крајот на 2024 година од Велика Британија ќе се „иселат“ околу 10.000 милионери.

Сепак, најголем број на милионери во светот има во САД и на крајот на 2023 година во најголемата светска економија  нивниот број бил 5,5 милиони, пренесува „Бизнис.рс“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано