Lifestyle

ОБЈАВЕНА ЛИСТА НА ДЕСЕТ НАЈЗДРАВИ ЗЕЛЕНЧУЦИ

Свежите продукти од овошје и зеленчук се сметаат за најздрава храна поради нивната висока нутритивна вредност. Неодaмаа е издадена и студија коja открива кои зеленчуци се најдобри, кога станува збор за хранливите материи. Центарот за контрола и превенција на болеститте (ЦДЦ) ги објави и службената листа на најздравите природни продукти.

Во изработката на списокот се користени податоците за хранливите материјали во свежа состојба на овошјето и зеленчукот, притоа не се земаат предвид губењето на хранливите материи во текот на готвењето. Како клучен фактор се зема намирниците да достигнат или надминат оцена 10 на скалата за густината на хранливите материи. Во студијата се фокусирале на постоењето на 17 клучни состојки како што се калиум, железо и витанмините A, C, D, E и K.

На самиот врв на листата на најздрав зеленчук е поточарката  со совршена оцена за густина на хранливите материи од 100. По нив на листата се следните растителни продукти:

Поточарка (100,00)

Кинеската зелка  (91,99)

Блитва (89,27)

Цвекло (87,08)

Спанаќ (86,43)

Цикорија (73,36)

Лисната салата (70,73)

Магдонос (65,59)

Салата Ромен (63,48)

Зелен кељ (62,49)

Хранливите материи кои ги содржан овие растенија се добри за одржување на телесните функции, подобрување на имунолошкото здравје, зајакнување на коските и го подобрува работењето на срцето. Растителните влакна се добри за органите за варење и можат да спречат настанување на шеќерна болест и кардиоваскуларни заболувања. Антиоксидансите кои ги содржат спанаќот и цвеклото помага да се неутрализираат слободните радикали во телото, ги намалува воспаленијата и го намалува ризикот од рак, пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic 

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано