Lifestyle

СЛОВЕНИЈА ЌЕ ИМА ПОВЕЌЕ ЖИТЕЛИ ОД БиХ ДО 2100 ГОДИНА, во Македонија на крајот на векот ќе има еден милион жители помалку, се проценките на ОН

Во светот денеска живеат 8,17 милијарди луѓе, а светската популација ќе го достигне својот максимум во 2084 година со 10,3 милијарди, а потоа ќе почне благо да се намалува. Ова се најновите прогнози на Обединетите нации во нејзината база “Word Population Prospects” во која се даваат процени за демографските  движења на населението во светот.

Стапката на фертилитет или плодноста, која ја означува коефициентот на бројот на родени деца на една жена се намалува. Стапката на фертилитет во Европа, Америка и Азија сега е под максималните две деца по жена. Во Африка оваа стапка е повисока, но значително се намалува. Пред 50 години имало седум деца на една жена, а сега се намали на четири деца. Процените на ОН се до 2050 година да се намали на три деца, а до крајот на векот на две деца.

Податоците откриваат дека Индија ја претекна Кина како најбројна држава во светот. Кина дојде до својот демографски врв  и сега е во надолен демографски тренд. Проекциите се дека Индија ќе достигне до 1,7 милијарди жители до 2060 година, а потоа ќе следи пад на наталитетот во оваа земја.

Европската популација во 2024 година би изнесувала 745 милиони, а до 2100 година ќе се намали под 600 милиони жители.

Во регионот бројот на жители до крајот на векот ќе се преполови. Сега земјите од регионот имаат  околу 20 милиони жители, а до 2050 година  регионот ќе има три милиони жители помалку.  Во 2100 година во регионот ќе има 11 милиони жители. До крајот на векот Србија ќе има 3,7 милиони жители помалку од 6,7 милиони, колку што има денеска. Во Хрватска ќе живеат 1,7 милиони помалку и ќе бројат 2,1 милион жители.

Босна и Херцеговина ќе изгуби  1,8 милиони жители и ќе има 1,36 милиони. Македонија ќе има милион жители помалку од сегашните 1,8 милиони и до крајот на векот во нашата земја ќе живеат 863.000 лица!

Процентуално Словенија ќе изгуби најмалку жители до 2100 година и ќе има 1,6 милиони жители. Во Косово ќе живеат над милион жители или за 600.000 жители помалку. Во Црна Гора во 2100 ќе живеат 326.0189 жители (сега има 638.000), пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано