Lifestyle

КОЈ СЕ СМЕТА ЗА БОГАТ, А КОЈ ЗА СИРОМАШЕН ВО ГЕРМАНИЈА! перцепцијата кај граѓаните за сиромашни и богати се разликува

Кај Германците постои голем јаз меѓу субјективната перцепција за статусот богат и статистичката „реалност“ за вистинското богатство. Многу граѓани сметаат дека за   „богатство“ можат да зборуваат само оние кои имаат нето приход од девет илјади евра месечно, но за богати можат да се сметаат и лицата кои заработуваат под овој износ, пренесува „Феникс магазин“.

Во Германија сегашниот просечен  доход изнесува 1.947 евра нето или околу три илјади евра бруто. Според владината информација за сиромаштија и за богатство, за поимотни граѓани се сметаат тие кои заработуваат двапати повеќе над просекот.  Во овој  момент тоа е околу 3.894 евра нето. Ова е приходот за  некој да се смета за богат со бруто приход од најмалку 6.100 евра.

Перцепцијата кај граѓаните за сиромашни и богати се разликува. Сиромашните луѓе во Германија веруваат дека  за богат се смета оној што заработува нето плата од 7.458 евра.  Луѓето од средната класа  веруваат во плата од 8.892 евра нето, а имотните граѓани за богатство ја  смета платата од 9.722 евра нето или 16.000 евра бруто.

Според истражувањето на Бундесбанката, најсиромашните 20 отсто од населението имаат имот помалку од 6.900 евра. Најбогатите десет отсто во Германија имаат имот во вредност од најмалку 725.900 евра.

Просечната вредност на богатство во Германија изнесува 110.022 евра, еднаков број на луѓе во земјата имаат помалку  или над од овој износ.

Како и да е, за сиромашен во Германија се смета тој што има нето плата од околу 1.000 евра, а оваа сума е блиска до границата за сиромаштија, која статистички изнесува 1.168 евра нето, пренесува Н1.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано