Lifestyle

ВИЕНА ЌЕ ГРАДИ НАЈДОЛГ МОСТ ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И ПЕШАЦИ

30.09.2024

Виена планира да го изгради најдолгиот градски мост за пешаци и за велосипедисти, со кој ќе се овозможи директно поврзување на поважните точки во реонот Донауштат. Почетокот на изградбата на мостот е планиран за 2026 година.  Градските власти на Виена објавија дека мостот ќе биде долг 700 метри и широк 4,5 метри. Ќе биде поставен покрај постоечкиот мост за трамвајската линија бр. 26, а ќе овозможи и полесен пристап до новите патеки кои се во тек на изградба.

- Во  Донауштат ќе биде изграден еден од најдолгите мостови за пешаци и велосипедисти во Виена, преку кој ќе поминуваат пешачки патеки и ќе се избегне големото заобиколување меѓу занаетчиската зона во градот и новите станови за живеење, изјави Ули Сима, градска министерка за урбанистичко планирање на Виена.

Градските власти во Виена пред две години почнаа голем проект за проширување на велоспедската мрежа и сега имаат нови 14 километри патеки, пренесува „Бизнис.рс“.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО