Општество

„ПРВИТЕ 100 ДЕНА НЕ БЕА ЛЕСНИ, НО БЕА УСПЕШНИ“, изјави премиерот Христијан Мицкоски за првите сто дена од мандатот на новата влада

01.10.2024

„Првите 100 дена од новата влада не беа лесни, но беа клучни за да видиме  каде сме и што да направиме и што треба да направиме за да стигнеме таму, без разлика  на опструкциите и стапиците. Колку ќе ни биде потешко да се движиме кон нашата цел, толку повеќе ќе работиме и со 100 отсто посветеност. Овие сто дена не беа лесни. Успеавме  да ги стабилизираме  финансиските текови, буџетските дупки, работиме  на враќањето на долговите од претходната влада, изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека имаат успешна влада во овие 100 дена.

Во обраќањето пред новинарите Мицкоски  рече дека Владата подготвува нови инвестиции и работи на  стотици нови проекти.

-  Се грижиме за сите од најмладите и најстарите, односно  пензионерите, кои ја добија првата рата од покачувањето на пензиите. Не ги заборавивме и земјоделците, професорите, работниците, граѓаните...Се обидуваме да се подобриме и да покажеме дека можеме поинаку и подобро, изјави Мицкоски.

Премиерот ги повтори веќе познатите информации за нови инвести кои се над 600 милиони вера во нареднииот период.

- Направиме и грешки, но ниедна не беше катастрофална. Навремено се корегиравме, слушајќи го гласот на народот, рече премиерот Христијан Мицкоски, и повика на трпение, бидејќи како што рече,  тој што е „трпелив  едновремено е и мудар, пред да преземе одреден чекор“.


Фото МИА

 

ПРЕПОРАЧАНО