Lifestyle

ВО БИХ УВОЗОТ НА ЗЛАТО ЗГОЛЕМЕН ЗА ТРИПАТИ!

07.10.2024

Во Босна и Херцеговина за девет месеци годинава  вредноста на увозот на злато изнесува  1,645 милиони конвертабилни марки  (825 илјади евра), што е за трипати повеќе во однос на истиот период лани. Главната причина за зголемениот увоз е постојаниот раст на цените на златото на светскиот пазар.

За извршениот увоз на злато платен е данок во износ од 141 илјади евра. Во истиот период лани е увезено е злато во износ од 280 илјади евра, информираат од Управата за индиректни оданочување во БиХ.

Златарите од БиХ изјавуваат дека граѓаните најчесто купуваат златни предмети за венчавка или за крштевка. Меѓутоа, како што нагласуваат продавачите годинава има помалку купувачи, поради поскапувањето на златото. Лани за 50 евра можело да се купи грам злато, а сега не може ни половина грам.

Економистот Марко Џого вели дека граѓаните не го купуваат златото заради вложување во посигурна инвестиција, туку златото се увезува заради негова обработка во накит.

- Увозот на злато не покажува многу за економијата на БиХ, вели Џого, пренесува „Капитал.ба“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО