Lifestyle
ДВОЕН КВИЗ ВИКЕНД ЗА СПОРТ И МЕДИУМИ
10.10.2024
Македонската квиз асоцијација на 20 октомври во повеќе градови низ Македонија ќе ги одржи првите два тематски квизови - спорт и игри, и медиуми. Секој од двата квиза се состои од 100 прашања, а времето за решавање за секој од нив е еден час. На квизот на тема спорт и игри можете да најдете прашања од најразлични спортови, игри, хобија, рекорди и достигнувања, додека на квизот на тема медиуми ќе се најдат прашања од филмот и литературата, прашања за стрипови и графички новели, но и за јазиците.
Прашањето овие квизови ги подготвија Мартин Мајк Петрески и Славчо Николовски.
Котизацијата за секој од двата квизови е 100 денари и истата можете да ја уплатите на местото на одржување или преку жиро сметката на МКА. Натпреварувачите кои имаат платено сезонска котизација се ослободени од плаќање котизација за двата квизови.
За сите заинтересирани, годишната котизација изнесува 900 денари и со истата ги имате подмирено обврските према МКА за сите Мастерси и тематски квизови во тековната сезона. Уплатите можат да се извршат за време на одржување на квизовите или пак преку жиро сметката на МКА: 210075841210139.
За учество на квизовите можете да се пријавите во порака преку нашата фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/nAddSnPSXfES3mqU9
За одржување на квизовите во некое населено место, потребно е да има најмалку двајца пријавени учесници, како и квиз-мастер кој ќе биде задолжен за печатење на тестовите и собирање котизација/членарина, но и ќе треба да ја запази регуларноста и фер плејот. Доколку сакате да организирате решавање на квизовите во вашето место, обратете се во приватна порака или на мејлот на МКА: mka.mkd21@gmail.com