Lifestyle
ГЕРМАНЦИТЕ НАЈМНОГУ СТРАВУВААТ ОД ИНФЛАЦИЈАТА И ОД МИГРАЦИЈАТА
12.10.2024
Граѓаните н Германија стравуваат од инфлацијата и од миграцијата. Од инфлација се плашат 57 отсто, а од миграција 56 отсто од испитаниците. На трето место се наоѓа стравот од губење на место за живеење.
- Трета година испитаниците се изјасниле дека се плашат најмногу од инфлацијата, но се зголемува стравот од последиците од миграцијата, се наведува во студијата на осигурителното друштво Р+В.
Од последното испитување кај германските граѓани најмногу пораснал стравот од негативните последици од миграцијата, како што е растот на криминалот и екстремизмот. Стравот од тоа дека државата нема да може да се носи со последиците од миграцијата е најмногу изразена на истокот на Германија, а тоа се покажа и на локалните извори и растот на популарноста на партиите кои се залагаат за ограничување на миграцијата, пренесува „Пословни дневник“.
фото freepic