Lifestyle
КАКВА Е ИМОТНА И ЛИЧНА КАРТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ БОГАТИ ДОМАЌИНСТВА
15.10.2024
Во 2022 година околу 18 отсто од американските домаќинства имаат имот вреден над милион долари, а во САД има околу 23,7 милиони домаќинства. Повеќето од овие домаќинства го стекнале милионското богатство со дисиплинирано штедење и вложувања. Околу 70 отсто од членовите на домаќинствата приходите ги стекнале преку пензионерските фондови, а повеќето од нив немале милионски плати во текот на својата професионална кариера. Недвижностите се главна ставка во имотот за 32 отсто од богатите американски граѓани.
Повеќето американски милионери се на возраст од 60 до 79 годишна возраст.
Над 60 отсто од милионерите во САД имале дипломата од јавните универзитети. Втора поважна карактеристика за нив е што се „штедливи“, а милионерите често живеат под своите можности и избегнуваат да трошат повеќе од тоа што им е потребно. Многу од милионерите имаат приходи од различни извори, како што се инвестиции или со извршување и на други споредни работи, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic