Lifestyle
ШТО СЕ СМЕТА ЗА ДОБРА ПЛАТА ВО БЕРЛИН, ЛОНДОН, РИМ...
16.10.2024
Висината на трошоците на живот во различните главни градови во Европа се разликуваат, па затоа и постојат разлики во перцепцијата на граѓаните за тоа што е добра плата. „Евроњуз“ направи преглед за тоа што е „добра плата“ во пет најголеми економии во Европа.
Според Крис Частин, директорот за истражување во Институтот за економски истражувања ЕРИ во Германија, износот на бруто плата меѓу 64.000 и 70.000 евра се смета за добра плата. Во нето месечен износ таа изнесува меѓу 3.300 и 3.600 евра. Платите во Берлин се малку повисоки во споредба со другите германски градови.
Во Велика Британија добрата месечна нето плата се движи меѓу 2.500 и 3.300 фунти, односно од 2.962 до 3.915 евра. Во Лондон платите се повисоки за 23 отсто од британскиот просек, па затоа добрата плата изнесува најмалку 3.643 евра.
Во Франција просечната нето плата изнесува 2.587 евра месечно. Но, за порелаксиран живот во земјата за добра плата се смета 3.200 евра месечно доколку сте самец. Во Париз минималниот износ на „добра плата“ е 3.400 евра.
Во Шпанија просечната нето плата изнесува 1.785 евра месечно, односно 2.250 евра бруто. Процените за добра месечна нето плата се движи околу 2.700 евра за самци. Но, во Мадрид се зголемува на 3.185 евра и во главниот град на Шпанија платите се повисоки за 18 отсто од националниот просек.
Во Рим добрата просечна бруто плата се движи од 3.750 до 5.690 евра, пренесува Н1.
фото freepic