Lifestyle

ОВА СЕ ПЕТ ПРОФЕСИИ СО НАЈГОЛЕМ „ПОТЕНЦИЈАЛ“ ДА БИДАТ ЗАМЕНЕТИ СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА

Вештачката интелегенција влијае на начинот на работа на многу луѓе, но се уште не може целосно да ги „отстрани“ од  нивното работно место. Според анализата која е спроведена од Indeed Hiring Lab,  ниту една, од повеќе од 2.800 идентификувани вештини  на работните места, не се во групата на „најверојатна“ замена со генеративна вештачка интелегенција.

Повеќето вештини или 68,7 отсто имаа „мошне мала“ или „мала“ веројатност да бидат заменети со вештачка интелегенција, додека 28,5 отсто од работните вештини можат „потенцијално“ да бидат заменети.  Во извештајот биле испитувани вештините како комуникација, лидерство, организација, техничките и практичните вештини, како што се програмирање и готвење, пренесува CNBC.

Во истражувањето биле анализирани 16 занимања, а пет  „најсигурни“ работни позиции со најголем потенцијал за замена со вештачката интелегенција се:

- сметковоствените експерти

- специјалистите за маркетинг и огласување

- програмери на софтвери

- административниот персонал во здравството

- инспекциските служби

Од друга страна, професиите кои вклучуваат работа со клиенти и физичко присуство, како што се медицинските сестри, имаат најмала веројатност да бидат заменети, пренесува „Данас“.


фото freepic   

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано