Општество
ОЦЕНИ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ЕУ ЗА ЗАДОВОЛСТВОТО ОД СВОЈОТ ЖИВОТ
18.10.2024
Граѓаните на Европската Унија генерално се задоволни од својот живот, а просечното ниво на задоволство на лицата постари од 16 години е 7,3 од скалата од 0 до 10. На врвот на листата се жителите во Финска со оцена 7,8, следат Белгија, Австралија, Романија и Словенија со 7,7, покажуваат податоците на Еуростат.
Бугарите се најнесреќни граѓани во ЕУ со оцена од 5,9.
Данска и Шведска имаат најголемо намалување на „нивото на задоволство“ во изминатата деценија. Намалувањето на личното задоволство кај граѓаните во Данска е од 8,0 на 7,5 и во Шведска од 7,9 на 7,5.
Највисок раст на задоволството имало кај граѓаните на Кипар од 6,2 на 7,5 , кај Бугарија од 4,8 на 5,9, во Словенија од 7.0 на 7,7 и Грција од 6,2 на 6,9.
Од учесниците во анкетата било побарано едноставна оцена на сопственото задоволство со животот од 0 до 10. Во Европската Унија се работи и на посложена дефиницја за среќата, а неодамна биле идентификувани критериумите „8+1“ за дефинирање на квалитетот на живот: материјалните животни услови, квантитет и квалитет на вработувањето, здравје, образование, слободно време и општествена интеракција, економска и физичка безбедност, управување и основни правила, животната средина и севкупното искуство во животот, пренесува „Инвеститор.ме“.
фото freepic