Lifestyle

СЕРИСКИ КРАДЕЦ НА БАНКОМАТИ УСПЕЛ ДА „ИЗВАДИ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА

Полицијата во Загреб го расветли случајот на сериски кражби на банкомати, а уапсен е 48 годишен разбојник кој успеал да „повлече“ околу 500.000 евра. Лицето се наоѓало во бегство од 2021 година и е осомничено за празнење на четири банкомати во Загреб во четири поединечни кражби, соопшти Полициската управа на Загреб.

Кражбите на банкоматите ги извршил со однапред разработен план. Во просторот во кој се наоѓале банкоматите поставувал камери насочени кон системот за вадење пари. Така добивал и информации кога и како се полнат банкоматите, како и за пристапните шифри за нивно отворање.

- По полнењето на банкоматите со пари, доаѓал со електричен велосипед и ги отклучувал апаратите за вадење пари со однапред изработен клуч. Од банкоматот ги вадел полните касети со пари. Потоа ги затворал и заклучувал надворешните врати на просторот во кој се наоѓале банкоматите, информираат од полицијата.

По повеќемесечна истрага, полицијата собрала докази дека станува збор за истиот извршител на кражби на банкомати. Осомниченото лице е уапсено  на подрачјето на Загреб. Полицијата соопшти дека истото лице е во бегство од 2021 година и за него била распишана потерница за издржување на затворска казна од шест години, поради претходни кражби, објави „Јутарњи лист“.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано