Lifestyle

РАСИПАН АПАРАТ ЗА ЛОТО МУ „ДОДЕЛИЛ“ НАГРАДА ОД 9,2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Жител на американската сојузна држава Илиноис купил погрешен тикет за лотарија поради неисправен апарат, но тоа му донесе среќна добивка од 9,2 милиони долари.

Среќниот добитник, кој сака да остане анонимен, раскажал дека по редовното пазарење на намирници одлучил да купи тикет за лотарија.

- Апаратот не сакаше да ми даде ливче од играта која јас ја сакав. Бев разочаран. Од одговорните лица ми беше кажано дека апаратот заглавил на играта Лото, изјавил добитникот на големата награда.

Сепак, одлучил да го купи тикетот што му го додели машината, а на извлекувањето на премијата добил награда од 9,2 милиони долари.

- Не ми се веруваше, ја погледнав сопругата и таа остана без збор. Се смеевме за тоа колку бев нервозен поради неисправниот апарат. Сега сме му благодарни за тоа, вели жителот од Илиноис, пренесува „Еуроњуз“.


фото freepic   

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано