Lifestyle
МЕДОТ ПОСЛУЖЕН СО ЧАЈ Е СЕДУМ ПАТИ ПОСКАП ОД ТЕГЛА СО МЕД!
21.10.2024
Чајот послужен со малите пакувања со мед во хрватските кафулиња се наплатуваат по повисоки цени, бидејќи угостителите почнале посебно да го наплатуваат и медот. Оваа нова ценовна политика на хрватските угостители предизвика реакции кај граѓаните, кои се незадоволни од високата цена на чајот што се служи со мед, објави Нова ТВ.
Претседателот на Здружението на угостители на Град Осијек Гордан Шестиќ објаснува дека при „служењето на чај се користат посебни шолји и чајници и затоа тој производи заслужува и посебна цена“.
Набавната цена на едно мало пакување на мед во угостителството изнесува околу шест центи, а некои ресторани го продаваат за десет пати поскапо. Медот послужен со чај се наплатува за 50 центи и финалната сметка покажува дека медот во угостителските објекти е за седум пати поскап од тегла мед!
- Од еден килограм мед, кој чини седум евра, се добиваат 80 мали пакувања. За оваа цена мора да се плати теглата, анализите и други трошоци во износ од две евра по тегла, објаснува Славко Стојановиќ, претседател на пчеларската задруга „Пчела“ од Осијек, пренесува „Свијет.хр“.
фото freepic