Lifestyle

АФРИКА СТАНУВА НОВ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПАЗАР ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА УБАВИНА

Глобалната индустрија за убавина забележува силен раст и се очекува од 2024 до 2028 година да расте со девет отсто годишно. Минатата година оваа индустрија остварила 617,2 милијарди доалри, а проекциите се дека годинава ќе достигне 670,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Еуромонитор Интернационал.

- Онлајн продажбата на овие производи расте, но на најголемиот пазар за козметички и естетски производи во САД, 87 отсто од луѓето преферираат да купуваат во продавници, информираат познавачите на индустријата за убавина.

Водечки пазар на козметичките производи е САД со остварен промет од 128,9 милијарди долари во 2023 година. Проекциите дека овој пазар годинава ќе порасне за пет отсто.  На второ место е Кина и заедно со азиско-пацифичкиот регион и АСЕАН стануваат глобални играчи.

Последните години и Африка се отвора за компаниите од индустријата за убавина. Во 2023 година овој пазар вредеше 62 милијарди долари и до 2028 година ќе „порасне“ на 83 милијарди долари, поради зголемувањето на младата популација, пренесува порталот „Се за парите“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано