Lifestyle
ВО ПРАГА СЕ ЗАБРАНУВААТ ГРУПНИТЕ ТУРИСТИЧКИ ПОСЕТИ НА ПАБОВИТЕ СО ВОДИЧИ!
23.10.2024
Градските власти на Прага воведоа нова забрана со која се менува начинот на кој повеќето туристи го доживуваат ноќниот живот во главниот град на Чешка. Забраната се однесува на организирани посети и обиколки на пабовите со туристички водачи кои ги шетаат туристите од еден објект до друг, а целта е да се намали вревата и хаосот во вечерните часови.
Забраната за групни туристички посети се однесува за сите пабови и стапува на сила секоја вечер од 22 до 6 часот. Ова правило не се однесува за обичните туристички групи кои ги посетуваат баровите без туристички водичи. Градските власти очекуваат дека новите правила ќе имаат влијание на организирањето на посетите на пабовите, кои се популарни меѓу младите туристи, пишува „Политико“.
Жителите на центарот на Прага со години се жалат на вревата и нарушената безбедност во вечерните часови кои ги предизвикуваат пијаните туристи.
Заменик градоначалникот на Прага Зденек Хриб нагласува дека забраната е насочена за подобрување на квалитетот на живот во градот и за прилекување на поинаков профил на туристи. Односно на привлекување на поимотни туристи, а не на гости кои доаѓаат во Прага само за да се напијат од доброто чешко пиво, пренесува „Политика“.
фото freepic