Lifestyle
ВЕНЕЦИЈА ЈА ЗАСИЛУВА „ОДБРАНАТА“ ОД ЕДНОДНЕВНИ ТУРИСТИ
25.10.2024
Венеција од наредната година ќе го зголеми бројот на денови кога туристите кои се на еднодневен излет во градот ќе платат такса за влез, бидејќи пробниот период за наплата во 2024 година се покажа како успешен, изјави градоначалникот Луиџи Бруњаро.
Во одредени денови во периодот од април до јуни туристите плаќаат по пет евра. Туристите кои доаѓаат во градот во петок, за деновите за викендот и за државните празници, во периодот меѓу 18 април и 27 јули 2025 година ја плаќаат таксата за влез.
Во последните три децении Венеција се соочува со прекумерен туризам и во градот доаѓаат 30 милиони туристи годишно. Повеќе од две третини од туристите доаѓаат во градот само за еден ден.
Сите посетители постари од 14 години ја плаќаат таксата со телефон и мораат да го покажат кодот пред инспекторите, кои по случаен избор ги проверуваат туристите.
Градот инкасирал 2,4 милиони евра од таксата за влез до крајот на пробниот период до средината на јули годинава. Но самото воведување на оваа дигитална платформа за наплатување на влезот чинела три милиони евра.
Џовани Андреа Мартини, градскиот советник од опозицијата, смета дека наплатување на влезот во градот е пропаднат проект, бидејќи не ги распоредил рамномерно посетите на туристите во текот на неделата. Според него, зголемувањето на таксата на десет евра би било бесцелно и „Венеција ви ја претворил во музеј“, пренесува НИН.
фото freepic