Lifestyle

ФРАНЦИЈА ЦЕЛОСНО ЌЕ ЗАБРАНИ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ВО УЧИЛИШТАТА

28.10.2024

Француската влада планира да воведе целосна забрана за употребата на мобилни телефони во училиштата до почетокот на учебната 2025 година.Министерот за спроведување на школската настава Александер Портије изјавил дека оваа забрана ќе придонесе за младите Французи да се посветат на наставата.

- Мислам дека не постои поголема итност на национално ниво. Зборуваме за здравјето на нашите млади и тоа е мисија во која немаме право да не успееме, изјавил Портије.

Од почетокот на оваа школска година, согласно со предлозите на образовната комисија и на препорака на францускиот претседател Емануел Макрон, 180 училишта се вклучени во програмата за тестирање на „дигиталната пауза“ односно за целосна забрана на мобилните телефони кај учениците. Секое училиште само избира начин за спроведување на овој експеримент.

Од 2018 година во Франција со закон се забранува употреба на мобилните телефони во основните училишта, но децата можат да поседуваат телефони во своите торби и ако се исклучени. Причината за неспроведување на законот  е поради отсуство на политичка волја, пишува „Бета“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО