Lifestyle

ТОПЛОТО ВРЕМЕ ГИ „РАСЦВЕТА“ ОВОШКИТЕ ВО СРБИЈА

02.11.2024

Во многу краеви во Србија процветале јаболкници и цреши, а ова ги загрижува локалните жители кои одгледуваат овошни растенија. Последните години цветањето на овошките во овој дел од годината станува се почеста појава  во Србија, а тоа ги загрижува одгледувачите, бидејќи тоа се одразува на намалениот род за следната година.

Во редакцијата на „Политика“ се јавила читателка од Лазаревац, која испратила фотографија  од расцветана јаболкница од нејзиниот овоштарник.

- Ова не се случува прв пат, а тоа го имавме и во последните пет-шест години. Годинава е многу позачестено цветањето на овошките. Ова се случува во годините со високи температури, а  годинава ги имавме исклучително топлите јули и август.  Потоа следеше период на обилни врнежи. Кога се случува ова, се формираат цветови на овошките  и мали плодови, кои ќе отпаднат во зимата, вели професорот  Зоран Кесеровиќ, од Земјоделскиот факултет во Нови Сад.

Предвременото цветање на овошките ќе се одрази на намалување на родот  што е проблем во овоштарството поради климатските промени, појаснува професорот во изјава за „Политика“.  


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано