Lifestyle

„СУПЕРКАМЕРИ“ СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ЌЕ ЛОВАТ НЕДИСЦИПЛИНИРАНИ ВОЗАЧИ

04.11.2024

Над 4.000 камери во Франција покрај мерењето на пребрзо возење ќе добијат и други функции, со што ќе се зголеми безбедноста во патничкиот сообраќај. Во иднина француските возачи ќе мораат да внимаваат да не добијат казна и за тоа ако не држат доволно растојание од возилото пред нив, доколку не носат безбедносни ремени или користат мобилни телефони во текот на возењето, пренесува „Автоклуб“.

Медиумите во Франција пишуваат дека од 2025 година се планира зголемување на бројот на фиксните камери на 4160 , а 500 камери ќе бидат оспособени за автоматско казнување на другите сообраќајни прекршоци, освен за пребрзото возење и преминување на црвено.

Овие „суперкамери“ ќе откриваат и повеќе прекршоци кај возачите со помош на вештачката интелегенција. За спроведување на овој проект во Франција за следната година предвидени се 46,3 милијарди евра, кои ќе бидат наменети за одржување на постојните контроли и за купување на новите камери.


фото freepic 

ПРЕПОРАЧАНО