Lifestyle
КАЗАХСТАН СО НАЈБРЗ РАСТ НА ИМОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ, следуваат...
04.11.2024
Најголем раст на вредноста на имотот на населението, според податоците од 2010 до 2023 година, е регистриран во Казахстан, Кина и Катар. Во имотната листа на одредено население влегуваат финансискиот имот во депозити и акции, како и вредноста на недвижностите намален за долговите.
Казахстан е на врвот на листата на најбрз раст на богатството на граѓаните, благодарение на експлоатацијата на природните ресурси и растот на секторот на недвижности. Растот на личното богатство на граѓаните во Кина се должи на економскиот развој и ширењето на пазарите. Катар ги користи богатите ресурси на гас и нафта за јакнење на финансиската стабилност на населението.
Покрај овие три земји, на листата на најбрз раст на имотот на граѓаните се: Израел, Индија, Хонг Конг, Индонезија, САД, Чешка и Унгарија, пренесува Б92.
фото freepic