Lifestyle
АМЕРИКАНЦИТЕ НЕМА ДА ШТЕДАТ НА ПАТУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА БЛАГОДАРНОСТА
18.11.2024
За време на празникот на Денот на благодарноста во САД се очекува да патуваат речиси 80 милиони луѓе со авиони, копнени патнички возила или со крузери, соопшти Американската автомобилска асоцијација. Предвидувањата се дека годинава ќе има 1,7 милиони патници повеќе во перидото од 26 ноември до 2 декември, во споредба со бројот на патници истиот период лани, пренесува „Мина“.
Компанијата „Американ ерлајнс“ планира да пренесе 8,3 милиони патници од 21 ноември до 3 декември, што е за 500.000 патници повеќе од минатата година.
фото freepic