Lifestyle

КОЛКУ ДА СЕ НАПУМПААТ ГУМИТЕ НА АВТОМОБИЛИТЕ ВО ЗИМА?

20.11.2024

Ниските надворешни температури влијаат на притисокот во автомобилските гуми. Возењето со недоволно напумпани гуми во зима со снежни врнежи ја зголемуваат веројатноста за сообраќајни несреќи поврзани со автомобилските гуми, покажала студијата на американската Национална управа за безбедност во сообраќајот.

Автомобилските гуми на повеќето модели на возила се пумпаат со притисок од 2 до 2,4 бари. За некои возила има и налепници со препораки за пумпање на гумите.

На минусните температури треба почесто да се проверува притисокот во гумите. Во пракса, на секоe намалување на температурата за 10 степени притисокот во гумите се намалува за 0,06 бари. Во некои автомобили има вгредено сензори за проверка на притисокот и тие сигнализираат по губењето на 25 отсто од претхоното ниво на притисок.

Предните гуми на автомобилот се пумпаат за 0,2 бари повеќе од задните гуми на возилото, пишува „Аутоклуб“.


 фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано