Финансии / Банкарство

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗГОЛЕМУВА

20.11.2024

Инфлацијата во Велика Британија забележа висок скок во октомври и достигна највисоко ниво во последните шест месеци, објави денеска Заводот за национална статистика. Инфлацијата минатиот месец се искачи на 2,4 отсто во споредба со 1,7 отсто во септември, пред се поради високиот раст на цената на струјата.

Претходно Централната банка  ја намали својата главна каматна стапка за четвртина процентен поен на 4,75 отсто. Ова беше второ намалување во последните три месеци откако инфлацијата во Велика Британија беше на најниско ниво од април 2021 година, пренесе Б92.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано