Lifestyle
КОЛКАВА ПОЧЕТНА ПЛАТА ОЧЕКУВААТ ОД ГЕНЕРАЦИЈАТА Z ?
26.11.2024
Голем број од младите лица во Србија не работат на работни кои се поврзани со нивното образование, а половина од вработените ја разгледуваат опција за промена на работодавачот, најчесто поради висината на платата и ограничените можности за напредување, покажува истражувањето кое е поврзано со генерацијата Z на пазарот на трудот , односно со лицата кои се родени по 1997 година.
Преминувањето од образование во деловно опкружување им претставува стресен и неизвесен период за младите од 24 до 28 години (76 отсто). Флексибилниот модел на работа, работата од дома и хибридните опции, стануваат клучен фактор во привлекување и задржување на младите таленти, се наведува во истражувањето на Инфостуд
Генерацијата Z ја вреднува рамнотежата меѓу деловниот и приватниот живот, со можност на работа од различни локации често станува одлучувачки фактор при избор на работодавачите. Младите од оваа генерација во просек очекуваат почетна плата од 89.345 динари (763 евра), додека посакуваната плата е двапати поголема и изнесува 172.963 динари (околу 1.500 евра), пренесува НИН.
фото freepic