Финансии / Банкарство

ВО СРБИЈА ОД 1 ЈАНУАРИ ЌЕ ВАЖАТ ОГРАНИЧУВАЊАТА НА КАМАТИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ВИДОВИ КРЕДИТИ

28.11.2024

Во Србија каматите на станбените кредити за сегашните и за новите корисници од 2025 година ќе бидат ограничени на пет отсто, со што ќе се заштитат должниците од преголемиот раст на каматите. Со новите законски решенија се ограничуваат каматните стапки за речиси сите видови на кредити, (станбени, готовински и потрошувачки кредити), како и за минусните салда на кредитните картички и дозволените минуси.

До крајот на годината Народна банка на Србија пропиша посебна мерка  со која каматните стапки на станбените кредити се ограничуваат на ниво од 4,08 отсто.

Со изгласувањето на законските измени во Собранието на Србија, каматните стапки за сите корисници  на кредити за станови ќе бидат ограничени на максимални пет отсто до крајот на 2025 година.

Според сегашната важечка референтна стапка на НБС, кај постојните кредитини картички и за дозвоелните и недозволените пречекорувања, максималната каматна стапка изнесува 17,75 отсто, односно 19,75 отсто, се предлага во измените на законот.

За готовинските и потрошувачките кредити  променливата каматна стапка не смее да премине во вредност поголема од просечната пондерирана каматна стапка за постојните договори за кредитите, пренесува „Нова економија“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано