Lifestyle

ЗАБРАНЕТ ПРИСТАПОТ ЗА ДЕЦАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО АВСТРАЛИЈА, КАЗНИ ДО 33 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

29.11.2024

Претставничкиот дом на Австралија во средата го усвои законот со кој им се забранува на децата помлади од 16 години да користат социјални мрежи, додека Сенатот треба да одлучува за финализирање на првиот закон од овој вид во светот.  

Главните политички партии го подржале законот со кој компаниите за социјални платформи се одговорни за парични казни од 50 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари) поради системски пропусти  во спречувањето на младите деца да отворат свои профили, пишува АП.

Доколку законот стапи на сила во текот на оваа недела, платформите имаат една година да се прилагодат на примената на старосните ограничувања, пред да почната да се применуваат казните.

На интернет платформите нема да им биде дозволено да ги присилуваат корисниците да достават државни идентификациони документи, вклучително и на пасошите или возачките дозволи, ниту ќе можат да бараат дигитална идентификација низ владиниот систем.

- Дали законот ќе делува совршено? Нема. Но кој закон е совршен? Но доколку помогне, дури и да помогне за најмали работи, ќе направи голема разлика во животите на луѓето, изјави Дан Теан, пратеник од опозицијата.

Критичарите сметаат дека законот нема да биде ефикасен и дека не овозможува разлики во приватноста на корисниците за сите возрасти со што им се одзема и правото на родителите што е најдобро за нивните деца. Критичарите тврдат дека забраната ги изолира децата од позитивните аспекти на социјалните мрежи и дека ќе ги „насочува“ децата на илегалните платформи за комуникација, пренесува „Бизнис.ба“.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано