Финансии / Банкарство
МАЛО НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ТУРЦИЈА, ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА СО ЗАБРЗАН РАСТ
03.12.2024
Годишната стапка на инфлацијата во Турција во ноември се намали на 47,09 отсто, а во октомври изнесуваше 48,58 отсто, објави денеска Турскиот институт за статисткика (Туркстат). Ноемвриската инфлација во Турција е на најниско ниво од јуни 2023 година.
Цените за домување, вода, струја и другите горива се зголемиле за 74,45 отсто, додека цените на услугите во хотелите, меаните и рестораните за 59,38 отсто. Храната и безалкохолните пијалоци во ноември се зголемени за 48,57 отсто и бележат побрзо темпо во однос на октомврискиот раст од 45,28 отсто, пренесува „Политика“.
На месечно нови инфлацијата се зголеми за 2,24 отсто во однос на октомври, објави Туркстат.
фото freepic